Веб Дизајн
Веб дизајн е процес на концептирање, планирање, моделирање, и извршување на електронски медиjа записи,
кои се пренесуваат преку интернет во форма на технологиите кои одговараат за интерпретација и приказ на компјутер,
преку интернет пребарувач или друг веб-базиран графички кориснички интерфејс.
Целта на веб дизајнот е креирање на веб сајт (колекција на електронски документи, кои се наоѓаат на еден или
повеќе веб сервери) кој презентира разни содржини (вклучувајќи интерактивни алатки или услуги) кои крајниот корисник
ги прегледува во форма на веб сајт.
Веб дизајнот нa страната треба да ги задоволува барањата гледано од технолошки аспект,но исто така сајтот треба да
є доволно атрактивен за да привлече што повеќе корисници, посебно од таргет корисниците за кои е наменет. Конкретно,
за веб дизајнирањето како професија, односно модерна технологија со чие имплементирање се очекуваат поголеми бизнис ефекти,
постојат одредени предуслови кои треба да се почитуваат од страна на лугето кои се инволвирани во процесот на дизајнирање,
доколку истото сакаат да го изработат на професионално ниво.
www.wikipedia.org











