Добредојдовте
Фирмата “Профи-Соунд“ односно во оригинал “Profi-Sound" е основана 2003 година од страна на браќата Исламоски Ибрахим-Бале и Исламоски Агим. Основната дејност на почетокот беше снимање на аудио материјали
во сопствено професионално студио. На тоа поле постигнати се значајни успеси, за што сведочи популарноста на
повеќе аудио албуми кои се комплетно компонирани, аранжирани и продуцирани во ова студио.
Со појавата на потреба од користење на Интернет како најсовремена технологија, “Профи-Соунд“ прв се впушти во дистрибуција
на овој сервис до домовите на Лабуништа и Подгорци. Денес овој сервис е збогатен со нови атрактивни услуги
како што се ВОИП телефонија, ВЕБ хостинг и друго.
За да може да биде конкурентен на пазарот во 2008 година
“Профи-Соунд“ започна со дистрибуција на аналоген КАТВ сигнал (Кабелска телевизија), со што се заокружи како комплетен телекомуникациски субјект на локално ниво, односно на подрачјето Лабуништа и Подгорци.
Во иднина ќе се имплементираат сите нови технологии во оваа сфера, како што се дигитална кабелска телевизија,
мобилна ВОИП телефонија, безжичен интернет пристап (во моментов функционира само безжична достава до кабинет).
Целта на “Профи-Соунд“ беше и ќе биде промовирање на новите технологии во нашата средина и квалитетна
и брза услуга до клиентите, за што сведочи големиот интерес од нашите сограѓани за овие технологии без разлика дали услугите ги добиваат од нас или од други оператори.
Со Почит... Ваш: “Профи-Соунд“












